Цената на златото до крајот на годината треба да достигне до 1400 долари, поради помалку агресивната политика на ФЕД за каматните стапки и долгогодишната глобална неизвесност.
Така оценуваат стручњаците за овој благороден метал.
Цената на златото за минатата недела се движеше околу 1286,6 долари за унца, пренесува CNBC.
Централните банки ширум светот купуваат злато во количини кои што не се видени во изминатите 50 години во рамките на диверзификација на резервите и дистанцирањето од поедини валути, вклучувајќи го и американскиот долар, пренесува CNBC.


