Во Босна и Херцеговина само до крајот на мај ќе може да се увезуваат половни автомобили со мотор Еуро 4 и нови со мотор Еуро 5. Тогаш на сила стапува на сила одлуката за минимум стандардите при увоз на возила.
По тоа, односно од 1 јуни, ќе може да се увезуваат само половни возила Еуро 5 мотор и нови со Еуро 6 мотор. Тоа значи дека во БИХ ќе може да се возат само возила стари до 10 години.
Одлуката ја донесе Министерството за транспорт и комуникации на БИХ а по барање на Здружението на овластени застапници и трговци со автомобили ФБиХ.
Босна и Херцеговина веќе има најстар возен парк во Европа и регионот, бидејќи околу 80 % од регистрираните возила постари од десет години. Поради тоа Здруженито побарало итно донесување на ограничување на увозот на користени возила кои што не ги исполнуваат минималните стандарди, минимум Еуро 5, норми за издувните гасови од сегашните Еуро 4 норми.
Исто така , се ограничува и увоз на новопроизведени моторни возила кои што не ги исполнуваат стандардите на Еуро 6 нормите.


