Големо поместување во науката: 3D срце – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/19 5:29 PM

Големо поместување во науката: 3D срце

Научиниците во Израел го претставија првото тридемнзионално печатено срце со човеково тело и крвни садови, нарекувајќи го „големо медицинско откритие“ кое допринесува можност за транспалнтација.

Срцето со големина како на зајак, прв пат некој и некаде дизјанирал и испечатил цело срце со клетки, крвни садови и комори, изјавил Тал Двир од Универзитетот во Тел Авив, кој раководел со прокетот.

Тој потсетил дека многу порано е принтано 3D структура на срце, но не со клетки и крвни садови.

Научниците велат дека постојат голем број на предизвици пред тридимензионалното печатено срце се најде достапно за транспалнтација на пациенти.

На новинарите им било презентирано такво срце со големина на цреша на Универзитетот во Тел Авив бидејќи научниците веќе го објавиле нивниот изум во медиумот „Напредна наука“.

Истражувачите сега мораат да научат да печатат срца кои ќе се однесуваат со карактеристики како вистинското. Потоа планираат да тестираат пресадување на животни.

„Можеби за десетина години ќе постои и печатач за органи во најдобрите болници ширум светот и оваа процедура рутински ќе се изведува“, изјавил Двир, додавајќи дека болниците ќе почнат со едноставни органи, но не со срце.