Подгответе се за „розева месечина“, а потоа доаѓа „цветна“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/19 5:14 PM

Подгответе се за „розева месечина“, а потоа доаѓа „цветна“

Априлската полна месечина, позната и како „розева месечина“, ќе го осветли небото во петок.

Месечината ќе изгледа поголема отколку вообичаено  затоа што е три дена одалечена од точката во орбитата кога е наблиску до Земјата, пренесува CNN.

Иако се смета дека месечината на небото ќе има одредена боја, тоа сепак не е така.

„Розева месечина“ го добила името по розевиот див цвет „флокс“ кој света во текот на рана пролет, а името го добила од Индијанците за да следат кога доаѓа жетва.

Месечината сепак може да се појави во црвена или портокалова боја поради прашина, магла, дим или пепел во атмосферата.

Следната полна месечина ќе биде на 18 -ти мај и ќе биде „цветна“.