Шефот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, најави дека ова лето клубот ќе ги донесе посакуваните засилувања и дека се ќе биде во ред.
На денешната пресконференција пред мечот со Евертон во недела, истакна со каква екипа ќе настапи, односно за дел од играчите кои се враќаат во составот по повредите.
„Немања Матиќ и Алексис имаа добра тренинг сесија, тие најверојатно ќе бидат дел од сос тавот. Андер е повторно назад на тренинзите, работеше напорно оваа недела. Ерик Бејли се враќа на тренинзите оваа недела“.
„Што се однесува до трансфер полето, гледавме повеќе играчи, па ќе ги ангажираме ова лето играчите кои мислиме дека ни се совпаѓаат со филозофијата. Самоуверен сум дека ќе ги донесеме посакуваните играчи. Разговарав со клубот, мора да бидеме свесни дека работа има многу пред нас која треба да биде завршена, нема ништо набрзина“.
„Не е решавање проблем да се купат 7 играчи и потоа се да ви биде добро и веднаш да ја поправите формата и перформансите, мора да одиме чекор по чекор. Сигурно дека ќе има трансфери, мора да се мисли и на играчите што ги имаме“, нагласи Норвежанецот.С
Според овие најави, Јунајтед сигурно ќе поправа дел од критичните позиции, но веројатно нема да прави голем рез како што рече и Солскјер со купување на 7 или 8 нови фудбалери.


