Јувентус оваа сезона ќе ја заврши без помош на неколку стандардни првотимци.
Повредите ја уништуваа „старата дама“ во финишот на сезоната. Поради нив, веќе копачките ги спакуваа голманот Матиа Перин и Сами Кедира, а како стојат работите, сезоната е завршена и за Марио Манџукиќ.
Хрватскиот напаѓач има огромни проблеми со повреда на ногата. Болките е големи и не може да одработи нормален тренинг и според зборовите на Алегри, сезоната за него може да биде готова.
„Манџукиќ има огромни проблеми со повреда. Тешко, навистина тешко дека ќе може да го видиме до крајот на сезона“ изјави Алегри.


