По објавувањето на новите шест прислушувани разговори тнр.„бомби“, премиерот Зоран Заев потврди дека му се познати и се дел од предадените на СЈО.
-Од тоа што го имам слушното, јас ги немам слушнато искрено кажано, сите разговори, малку ми стана и мачно после толку време. Тоа што го слушнав, да, е од делот што е предаден во пакетот во СЈО. Ова само потврдува дека ние сме добиле само дел од тоа што своевремено се правело како неовластено прислушување, изјави Заев.
Премиерот смета дека имаме добри закони и очекува институциите да постапат по нив.Очекува одговори од институциите, пред се’ од Обвинителството и МВР, кое според него, веќе презема мерки.
-Знам дека пред некој ден има имаше исто така, емитување на „бомби“, кои допираат и во приватноста. Поднесена е кривична пријава од страна на јавното Обвинтелство, законот јасно определил како се постапува ако се повторуваат делата. За мене е значајно да постапат институциите, рече Заев.
Вчера четири, а денеска уште две „бомби“ нечуени во јавноста се појавија на интернет, поставени од профилот Илија Громовник.


