Забрана за посети во болниците поради прогласената епидемија на морбили – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/19 1:06 PM

Забрана за посети во болниците поради прогласената епидемија на морбили

Се забранува посетата на пациенти кои што се лекуваат во штипската Клиничка болница, како и сите стационарни здравствени установи во земјата.

Во соопштението што е упатено до јавноста се вели дека, поради зголемениот број на заболени од морбили на територијата на Македонија,  Министерот за здравство д-р Венко Филипче прогласува епидемија и забрана на посета во стационираните здравствени установи.

,,Во интерес на побрзо надминување на оваа состојба , се молат  граѓаните да ја почитуваат забраната“ , се додава во соопштението.

Инаку од штипската Клиничка болница информираат дека во моментов во болницата нема заболени од морбили.