Се забранува посетата на пациенти кои што се лекуваат во штипската Клиничка болница, како и сите стационарни здравствени установи во земјата.
Во соопштението што е упатено до јавноста се вели дека, поради зголемениот број на заболени од морбили на територијата на Македонија, Министерот за здравство д-р Венко Филипче прогласува епидемија и забрана на посета во стационираните здравствени установи.
,,Во интерес на побрзо надминување на оваа состојба , се молат граѓаните да ја почитуваат забраната“ , се додава во соопштението.
Инаку од штипската Клиничка болница информираат дека во моментов во болницата нема заболени од морбили.


