Многу хрватски компании на своите работници за велигденските празници им даваат празнични подароци. Како што пренесува „Пословни дневник“, Хрватски шуми, на пример, на своите вработени ќе им даде по 1.250 куни, плус 300 на картичка или вкупно по 210 евра.
Таканаречената „ускрсница“ во Хрватска ќе ја добијат една третина од работниците, кои празничниот подарок ќе го примаат во пари, бонови или во намирници.
Најскромната велигденска награда годнава изнесува 550 куни (околу 75 евра), а без награда за Велигден ќе останат 67 отсто од вработените.


