Кинеската инвеститорка Ју во Кумровец сака да гради Титоленд – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/19 11:15 AM

Кинеската инвеститорка Ју во Кумровец сака да гради Титоленд

 

Најавата на богатата кинеска инвеститорка Јианг Ју дека, освен зградата на поранешната политичка школа, е заинтересирана уште за низа објекти во Кумровец, родното место на Јосип Броз Тито, за да го претвори ова село во Хрватско Загорје во туристички комплекс посветен на Тито, како кумровчани многу да не ги изненади, пишува загрепски „Јутарњи лист“.

Истакнуваат дека Кинезите и сега се чести гости овде, а во Кумровец и Загорје ги влечел токму споменот на шефот на СФРЈ.

– Секоја година во Кумровец доаѓаат по неколку илјади Кинези. Другарот Тито го сакаат и повеќе отколку што Хрватите го сакаа за време на Југославија. Најмногу сакаат да се фотографираат пред куќата на Тито. Додека се сликаат, дури се тресат од трема и од почит – раскажува постар кумровчанец.

Можеби тоа е причината што кинеската инвеститорка Ју (каква случајност со нејзиното презиме и името на некогашната држава) сакала да вложи милиони за овде да направи своевиден „Титоленд“.

– Низ Кумривец годишно поминуваат стотина илјади туристи, главно поради Тито. Тој е големо име и бренд. Но, за жал, повеќе го ценат во светот отколку кај нас. Не знам дали тоа беше од политички или од други причини, но верувам дека доаѓа ново време и оти Кумровец ќе го реализира својот голем потецијал, а се радувам што тоа го увиде госпоѓата Ју од Кина – вели првиот човек на Кумровец, Роберт Шплајт.