Европскиот парламент бара Кина да ги затвори „камповите за превоспитување“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/19 9:52 AM

Европскиот парламент бара Кина да ги затвори „камповите за превоспитување“

Европскот парламет вчера усвои резолуција со која се бара затворање на „камповите за политичко превоспитување“ во Кина и стопирање на практиката на масовно произволно притворање на етнички и верски малцинства во таа земја.

Парламентот изразил загриженост поради се’ порепресивниот режим со кој во Кина се соочувале многубројните верски и етнички малцинства, а состојбата забрзано се влошувала. Според податоците на ОН, речиси еден милион припадници на Ујгурите, муслиманско малцинство во покраината Ксинјанг, се затворени во „кампови за превоспитување“.

ЕП усвоил и резолуција со која се осудува воведувањето смртна казна со каменување за хомосексуален и вонбрачен полов однос и за абортус и го повикува Брунеи да го повлече тој Шеријатски закон, а да го почитува меѓународното право.