Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во синоќешното интервју за ТВ 21 кажа дека пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири,дошол кај него со барање да стане пратеник на ДУИ.
-Пред 7-8 години дојде во мојата канцеларија и бараше да биде пратеник на ДУИ. Да знаев дека ќе се налути би го земал во предвид, но му реков многу си добар во водењето на емисии на Алсат. Продолжи со својата емисија бидејќи сите треба да придонесеме. Оваа се големи прашања, а медиумите вршат голема работа во насока на објаснувањето и подготвувањето на јавноста за долгиот и макотрпниот пат. Стани дел од процесот. Кога медиумите се чисти политички, тоа им е работа. И ми се пристори како да се освести. Рече-во право си. И продолжи во Алсат уште кратко, потоа излезе од таму, кажа Ахмети.
Зекири му одговори со краток коментар.
-Јазикот оди каде што забот боли, рече Зекири.
Зекири недоамна изјави: „Што подалеку од ДУИ, тоа подобро“. На ваквата забелешка пак Ахмети се потсети дека ниту една власт не може да опстои без ДУИ и дека за 15 месеци ВМРО-ДПМНЕ го спуштиле на колена.


