Во пресрет на велигденските празници, вработените од јавното претпријатие „Комунален сервис“ од Валандово, заедно со жителите од населеното место Балинци, спроведуваат работна акција за рамнење и тампонирање на патот до црквата „Свети Димитриј“ во Балинци.
Ваквите акции, велат надлежните, претставуваат основен предуслов за градење заедница на одговорни граѓани и ефективна локална самоуправа и посочија дека Општина Валандово и во иднина ќе продолжи да гради функционален систем на соработка меѓу институциите и граѓаните и оти ќе го поттикнува и негува принципот на заедништво и општествена одговорност.
Наскоро вакви акции се планираат и во останатите населени места во Општината.


