Поправка на патот до црквата во валандовското село Балинци – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/19 9:43 AM

Поправка на патот до црквата во валандовското село Балинци

Во пресрет на велигденските празници, вработените од јавното претпријатие „Комунален сервис“ од Валандово, заедно со жителите од населеното место Балинци, спроведуваат работна акција за рамнење и тампонирање на патот до црквата „Свети Димитриј“ во Балинци.

Ваквите акции, велат надлежните, претставуваат основен предуслов за градење заедница на одговорни граѓани и ефективна локална самоуправа и посочија дека Општина Валандово и во иднина ќе продолжи да гради функционален систем на соработка меѓу институциите и граѓаните и оти ќе го поттикнува и негува принципот на заедништво и општествена одговорност.

Наскоро вакви акции се планираат и во останатите населени места во Општината.