Исклучени од сообраќај се 26 возачи во Скопје без возачка дозвола – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/19 9:39 AM

Исклучени од сообраќај се 26 возачи во Скопје без возачка дозвола

Возење без дозвола, управување на нерегистрирани возила, поминување на црвено светло, зборување на мобилен телефон, како и недавање предност на пешаци на пешачки премин, се дел од регистрираните неправилности.

Само во текот на вчерашниот ден (18.04.2019) сообраќајната полиција во Скопје исклучени од сообраќај се и 24 возила бидејќи 23 биле нерегистрирани, а едно возило било технички неисправно. При контролите, констатирано е дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.Санкционирани се и четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло. Од сообраќај се исклучени 31 возач од кои: 26 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи-почетници. Девет возачи се санкционирани поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, еден возач на мотоцикл поради неносење заштитен шлем, 10 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 19 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 103 мандатни платни налози и 65 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле 10 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а шест лица со телесни повреди.