Мигранти Кубанци и Мексиканци пред границата со САД – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/19 9:29 AM

Мигранти Кубанци и Мексиканци пред границата со САД

Околу 1.000 кубански емигранти стигнаа до мексиканскиот град Хуарес на границата со САД, како и околу 400 други мигранти од Централна Америка.

-Кубанците почнаа да пристигнуваат во понеделникот”, рече мексиканскиот официјален претставник Енрико Валенсуела, кој е задолжен за мигрантите на границата. Според него, многу Кубанци доаѓаат со семејства и бараат азил во САД.

Во исто време, на југот на Мексико, околу 5.000 мигранти од различни националности во неколку каравани, ја преминаа границата од Гватемала и се преселија на мексиканско-американската граница.

Американскиот претседател Доналд Трамп испрати војници на границата со Макеј и сака да изгради ѕид за да спречи нелегален влез на мигранти во САД.