Околу 1.000 кубански емигранти стигнаа до мексиканскиот град Хуарес на границата со САД, како и околу 400 други мигранти од Централна Америка.
-Кубанците почнаа да пристигнуваат во понеделникот”, рече мексиканскиот официјален претставник Енрико Валенсуела, кој е задолжен за мигрантите на границата. Според него, многу Кубанци доаѓаат со семејства и бараат азил во САД.
Во исто време, на југот на Мексико, околу 5.000 мигранти од различни националности во неколку каравани, ја преминаа границата од Гватемала и се преселија на мексиканско-американската граница.
Американскиот претседател Доналд Трамп испрати војници на границата со Макеј и сака да изгради ѕид за да спречи нелегален влез на мигранти во САД.


