Кандидатката на ВМРО ДПМНЕ за претседател на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска, го посетила штабот на нејзиниот противкандидат од СДСМ, Стево Пендаровски. Таму ја дочекале младите социјалдемократи, ама не и како што таа пишува, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе.
По вчерашнато кафе со Река, денес решив да го посетам и штабот на Стево. Ѓорѓи Галетановски – Чомбе не ме пречека, ама со присутните заклучивме дека сите очекуваме фер изборен процес и избори без нерегуларности, напиша Силјановска на Твитер.
На ова одговори „шефот“ Чомбе.
„Ама, еве, вторпат да ве потсетам дека јас не сум шеф на штабот на претседателот и сум на работа секој ден од 8 до 16 часот во скопската Зоолошка. Ви се извинив за коментарот, а таму сигурно била младината и ве пречекале пријатно и ферски како што ни прилега. В недела губиш катастрофално. Убав ден“, напиша Галетановски.

ВМРО-ДПМНЕ неодамна побара Галетановски да биде отстранет од Изборниот штаб на Пендаровски, бидејќи како што наведоа од партијата, ја навредувал Силјановска на социјалните мрежи.


