СВР Штип:Од 40 контролирани возила за јавен превоз,технички неисправни возеле пет – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/19 3:20 PM

СВР Штип:Од 40 контролирани возила за јавен превоз,технички неисправни возеле пет

Техничка исправност на возилата кои што вршат јавен превозна патници, беа цел на последната акција на СВР Штип.

Акцијата се одвивала во текот на вчерашниот ден, во периодот од 9 до 14 часот

Од извршената акциска контрола контролирани се  45 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, 40 се упатени во Станица за технички преглед.

При контролите констатирани се неправилности односно кај едно возило е утврдена неисправност на уред за запирање, кај едно неисправен уред за управување, додека кај три неисправни останати уреди.

Санкционирани се и 25  останати  прекршоци.