Триесет и тригодишниот М.К од Кавадарци заработи кривична пријава од полицијата, бидејќи за еден месец извршил 13 тешки кражби во автомобили.
Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски за канал 77 го потврди случајот.
„Во текот на изминатиот месец извршени се 13 тешки кражби од патнички автомобили на различни локации во Кавадарци. По преземените засилени оперативни активности пронајден е сторителот на овие кражби. Се работи за лицето M.K.(33) oд Kaвaдaрци, информира Додевски.
Ангел Данов


