Кој има полоша сезона Леброн или Роналдо? – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/19 12:48 PM

Кој има полоша сезона Леброн или Роналдо?

Минатото лето двете активни легенди, најдобрите играчи во своите спортови ги променија клубовите и тргнаа во новата сезона. Но, ниту Кристијано Роналдо, ниту Леброн Џејмс не ги исполнија своите цели во новите средини.

И двајцата ги поврзува еден статистички факт. Леброн осум години по ред играше во финалето во НБА-лигата, додека Роналдо исто толку години беше дел од полуфиналето во Лигата на шампионите. Разликата е во тоа што Португалецот освои четири титули со Реал Мадрид, додека Џејмс зема само три НБА-прстени.

Леброн како слободен играч минатото лето замина во ЛА Лејкерс, токму со неговото доаѓање се очекуваше тимот да се пласира во плеј-офот по шест години. Не успеа во тоа, на месец дена пред завршување на регуларниот дел беше јасно дека „езерџиите“ ќе бидат под „цртата“. Опрвадување за ова може да го бара во повредата, една од најтешките во неговата 16-годишна кариера, во лошиот состав и дебаклот во обидот да се донесе Ентони Дејвис.

Роналдо во Јувентус не дојде бесплатно, „Страта дама“ја чинеше повеќе од 100 милиони евра. Португалецот го осигура насловот првак на Италија, но не дојде поради тоа, негова цел беше во Торино да го донесе пехарот во Лигата на шампионите. На патот застана Ајакс, го совлада Јувентус со 2-1 и сонот заврши.

И на него, како на Леброн, овој тим му ја прекина осумгодишната серија.

Со оглед на можностите и очекувањата, само се наметнува прашањето кој повеќе потфрли, Леброн или Роналдо?