Бангладеш: Колеги запалиле студентка зашто пријавила сексуално вознемирување – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/19 12:40 PM

Бангладеш: Колеги запалиле студентка зашто пријавила сексуално вознемирување

Колеги-студенти ја полеале со керозин Нусрет Јахин Рафи и ја запалиле зашто пред две седмици го пријавила директорот на школата поради сексуално вознемирување. Починала пет дена по нападот, пишува ББС.

Нусрет имала 19 години и студирала Висока исламска школа во конзервативниот Бангладеш. На 27 март го пријавила директорот на школата откако тој ја повикал во неговата канцеларија и ја допирал на непримерен начин. Откако тој станувал се’ поагресивен, таа успеала да избега.

Пријавила во полиција, од која не добила заштита, иако се знае како поминуваат жените ако се осмелат на такво нешто во конзервативната земја. Истиот ден, сепак, полицијата го привела директорот, но тој набрзина ја добил поддршката од јавноста. Имало и протест да се ослободи од притвор.

Нусрет на 6 април одлучила да оди во Школата за да полага испит. Но, таму од колешка била намамена на покривот на зградата, на кој ј чекале петмина, кои барале да ја повлече пријавата. Откако одбила, ја запалиле.