Германија го отфрла барањето на Грција за надоместок на штета од војната што заврши пред повеќе од седум децении. Берлин тврди дека во 1960 година платил 115 милиони германски маки воена отштета и со тоа темата од правен аспект била затворена.
Парламентот на Грција синоќа ја усвои препораката на грчката Влада од Германија да бара исплата на воена отштета од речиси 300 милијарди евра за периодот на нацистичката окупација во Втората светска војна. Против гласала десничарската Златна зора.
– Барањето за наплата воена отштета од Германија не го сметаме за некој вид пандан за кредитите што ни’ ги дадоа европските сојузници за време на економската криза кај нас. Тоа е наша историска и морална обврска – рекол грчкиот премиер Алексис Ципрас.


