Благо намалување на водостоите на реките – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/19 10:36 AM

Благо намалување на водостоите на реките

Водостоите на сите реки во земјава се пониски од просекот за април, а благо намалување во однос на вчера се забележува кај речиси сите реки, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Исклучок е Вардар на мерното место кај Демир Капија каде нивото е скоро двојно повисоко од вчера, како и Пчиња кај Катлановска Бања и Сатеска кај Ботун каде има благо зголемување на водостојот, додека Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка и Црн Дрим кај Ложани имаат исто ниво како вчерашното.

Водостоите, пак, на природните езера во земјава, освен на Дојранското, се  пониски од повеќегодишниот просек, но се исти како вчера.