Инцидент на првенствен женски натпревар во фудбал ја изненадил српската јавност, а, како што пишуваат српски медиуми, се случил во Топола, на мечот меѓу „Караѓорѓе“ и ТСК. Незадоволните домашни фудбалерки, во самиот финиш на натпреварот побарале од судијките да го поништат, според нив, нерегуларниот гол на гостинките. Откако тоа не се случило, судијките биле физички нападнати.
Најдебелиот крај го извлекла главната судијка, Мима Станковиќ, која итно била пренесена во нишката болница. Најжестока во тепањето била домашната фудбалерка Александра Станоевиќ, а потоа голманката и уште една фудбалерка.


