Презентација на повикот за кофинансирани грантови за иновации во Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/19 7:24 AM

Презентација на повикот за кофинансирани грантови за иновации во Тетово

Во Фондацијата за поддршка на претпријатија – ЕСА Тетово денеска ќе биде презентиран повикот за доставување предлог проекти за финансирање преку инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

Презентацијата ја организираат ЕСА Тетово и Стопанската комора на северозападна Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Најавено е присуство на директорот на ФИТР Јован Деспотовски и министерот за економија Крешник Бектеши.

МИА