Најмалку 47 починати во песочна бура во Индија – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/19 2:58 PM

Најмалку 47 починати во песочна бура во Индија

Најмалку 47 лица починале денеска во големата бура, пропратена со песок, грмотевици и дожд во централниот и западниот дел на Индија.

Во бурата која се случила надвор од сезоната, брзината на ветерот достигнал и до 50 километри на час. Оштетени се домовите на жителите, дрвата биле извадени од корен и прекината е струјата од далеководите во државите Мадја Прадеш, Гуџарат, Махараштра и Раџастан.