Катедралата Нотр Дам ќе биде затворена наредните 5 до 6 години – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/19 2:32 PM

Катедралата Нотр Дам ќе биде затворена наредните 5 до 6 години

Париската катедрала Нотр Дам која беше оштетена во пожарот ќе биде затворена за посетители 5 до 6 години, изјавил бискупот Патрик Шове кој е раководител на ова здание.

Шове ова го изјавил во разговор со локалните власти , затоа што во пожарот изгорен е кровот на катедралата и срушена е кулата.

Тој не прецизирал на кој дел од градбата тоа се однесува. Исто така не изјавил каква е судбината на  67 ната вработени во катедралата.

Од канцеларијата на парискиот обвинител наведено е дека истражителите кои ги истражуваат причините за пожарот во Нотр Дам се уште ја немаат истражено внатреноста на катедралата, затоа што се уште се смета дека не е безбедно.

Тие денеска продолжуваат со интервјуата, се наведува во соопштението во кое се додава дека истрагата ќе биде продолжена додека не се открие вистината и идентификацијата за причината за пожарот.

Истражителите вчера испитале околу 30 –на сведоци вклучувајќи ги и вработените во компанијата која работи на реставрацијата на црквата и вработените во обезбедувањето.

За реставрација на катедралата Нотр Дам веќе се собрани речиси една милијарда долари од донатори ширум светот.

Вчеравечер стотици граѓани се собраа во близина на катедралата кои се молеа, палеа свеќи и пееа верски песни. Н насобраните луѓе им се придружи и оркестар кој свиреше пред статуата на Дева Марија.