Пролетта како и секоја година со свои ризици. Повторно голема појава на алергии во тетовско.
Докторите велат дека се омасовува појавата на заболени од алергии. Според нив дури една третина од населението има алергија, најчесто од полен.
Д-р Исмаили советува лицата со пролетни алергии да избегнуваат престој во природа. А при убод од инсекти местото да се измие со ладна вода и мраз.
Алергијата на поленов прав се манифестира преку кивање, течна секреција од носот, чешање и солзење на очите.
Зоран Димовски


