Само Советот на Општината може да застане на непродуктивните трошења, вклучувајќи го и тоа на градоначалниците, објасни министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу. Тој денеска го осуди како што рече, секое луксузирање на локалната власт на сметка на граѓаните, но дека тој како министер и надлежното Министерство не може да реагира, но дека единствен механизам поседува Советот.
–Ако постои одговорност во Струга, граѓаните треба да бараат преку нивните претставници во Советот. Тој буџет и таа набавка поминале во Советот каде гласало мнозинството изгласа. Доколку забележале недолично однесување, луксузирање, советниците можеле да ја стопираат. Друг механизам не постои, рече Фазлиу.
Со ова министерот одговори на серијата новинарски прашања за одговорноста на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кој и покрај тоа што води задолжена општина, пред три месеци набави возило за 67.000 евра и уште три други во вкупна вредност од над 100.000 евра. Набавката предизвика силни реакции во јавноста, особено што Владата одобри 4,2 милиони евра за Општината Струга да може да се раздолжи.
-Планирам да одам во Струга да разговарам директно со градоначалникот, да се информирам за оваа ситуација и да ги разгледам можностите за поправка на оваа грешка, ако може да се нарече грешка. Барам од општините да бидат поодговорни. Ако некој ти подал рака и ти помогнал да излезеш од така тешка ситуација, која дирекно влијае врз граѓаните, треба тие средства да бидат користени многу добро, без сомнение за злоупотреба, – кажа Фазлиу.
Министерот побара од градоначалниците да бидат поодговорени, особено од оние општини кои се во долгови. Особено што Владата им помогнала да се раздолжат, поради што, тие пари треба одговорно да ги користат. Фазлиу побара одговорност и транспарентност од нив.
Пред општините е алатката за отчетност и транспарентност, која треба да биде искористена градоначалниците и Советите да се претстават пред граѓаните и со своите трошења.


