Судирот во врска со „Боинг“ и „Ербас“ кулминирал, па странски медиуми јавуваат дека ЕУ одлучила да воведе царини на американски стоки вредни 20 милијарди долари.
Меѓу производите за кои се воведуваат царини се и прехранбените, како кафе, чоколада, смрзната риба, морски плодови, ќечап, тутун, алкохолни пијалаци…
Исто така, со царински давачки ќе бидат опфатени и авионите, хеликоптерите, автомобилите, тракторите, видеоигрите и облеката.


