Во загрепскиот музеј „Мимара“ синоќа бил претставен проектот „Златен брег“ на Едо Маржиќ, голема инвестиција што предвидеува изградба на цело ново гратче на островот Паг во кое во блиска иднина треба да живеат повеќе од 10.000 луѓе, пишува загрепски „Јутарњи лист“.
Сопственикот на хотелот „Паг“ уште од порано најави дека реализацијата на проектот ќе чини помеѓу 500 и 700 милиони куни, а синоќа беа претставени и првите симулации на населбата, проект во кој Маржиќ влегува со француски инвеститори.
– Тоа ќе биде луксузен град од затворен тип, најелитна морска оаза во светот, со комплетна услужна и друга инфраструктура приспособена за повозрасни жители, кои на островот ќе може да купуваат резиденцијални недвижнини, секоја со сопствена врска за брод или луксузна јахта, со пристап на отворено море – тврди Маржиќ.


