Дубровник ќе добие џамија со минаре – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/19 11:02 AM

Дубровник ќе добие џамија со минаре

Исламски центар со џамија и минаре ќе се градат во хрватскиот туристички бисер Дубровник. Најдоцна за две години, како што пишува „Дубровнички дневник“, требало да заврши постапката за вадење документи за изградба, која се очекува да трае кратко.

– Мора да нагласиме дека имаме одлична соработка со градските власти кои ни’ излегуваат во пресрет – вели претседателот на Исламската заедница, Фехим Вукотиќ.

Тој додава и оти изградбата на исламски центар со џамија и минаре е долгогодишна желба на дубровничките муслимани, чиј број бил околу 1.500.