Гореше и Николаевскиот храм на Украинската православна црква – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/19 10:59 AM

Гореше и Николаевскиот храм на Украинската православна црква

Во градот Љуботин во Харковската област гореше Николаевскиот храм на Украинската православна црква – Московска патријаршија. Пожарот избувнал во неделата во 18 часот, а пожарниатите дошле на местото по 20 часот.

Огнот зафатил 120 квадратни метри, а во текот на пожарот се урнала капелата на Николаевската црква. Повредени немало, а, според првичните сознанија на истрагата, пожарот е подметнат.