Филипче одговори дали поранешен министер му е советник – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/19 10:26 AM

Филипче одговори дали поранешен министер му е советник

По изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека, поранешниот министер а здравство е неформален советник на актуелниот министер за здравство Венко Вилипче, изостанаа брзите одговори од владата.

-Овој министер кој е сега министер, беше советник на еден друг министер, кој сега нему му е неформален министер. Непринципиелно е, лицемерно е, дволично е, со него стоел на пресови со тој министер, кој пак сега нему му е неформален советник, кажа Мицкоски во телевизиско гостување.

Претпладнето кога побаравме одговор од министерот Филипче, на прашањето дали е точно тврдењето на Мицкоски, во порака само кратко одговори со: „Не“. Поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров , на чии пресови повремено го гледавме актуелниот министер Филипче, не одговори на нашите повици.