Законското право на отштета како жртви на повоеното насилство на комунистичките власти по Втората светска војна во Словенија досега оствариле 35.000 луѓе, но се проценува дека право на таков статус имаат трипати повеќе, објави вчера љубљанскиот Студиски центар за национално помирување.
Во Словенија, според презентираните податоци, биле усмртени 18.780 војници и цивили на, како што стои, некомунистичката страна, имало 25.000 политички затвореници и речиси 60.000 случаи на насилна експропријација на приватна сопственост, а во Австрија по Втората светска војна од Словенија биле протерани 10.000 припадници на германското малцинство.


