Педесет и тригодишната пејачка, Саманта Фокс ги продава облеката и модните додатоци, кои ги носела пред триесетина години.
Таа реши на продажба да ставидизајнерски фустани, корсети, трикоа и градници, а во описот на секој сувенир што се нуди на продажба стои дека тој „оди со потпис на Саманта и слика од неа, која ја потврдува автентичноста на артиклот”.
Градниците можат да се купат за цена од 100 евра, а пак, бикините што Саманта ги носеше во шоуто „Јас сум познат”, на пример, се веќе продадени за околу 300 евра. Фокс својата кариера ја почна на 16-годишна возраст, прво како модел, а во 1986 година влезе и во светот на музиката. Во 1996 година таа позираше за „Плејбој“.


