И земјава се приклучува кон поддршката за реставрација на Нотр Дам – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 5:45 PM

И земјава се приклучува кон поддршката за реставрација на Нотр Дам

По пожарот што ја зафати катедралата Нотр Дам, земјава ќе се солидализира со Франција. Оваа одлука денеска беше донесена на сто и триесеттата владина седница.

Владината прес служба соопшти дека МНР е задолжено да стапи во контакт со МНР на Република Франција за координација во врска со помошта на меѓународната заедница за помошта за реставрација на опожарената црква, со цел да се определи најсоодветна поддршка од Република Северна Македонија во знак на солидарност за обновата на овој  споменик.