Петти мај прогласен за ден на македонскиот јазик – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 4:30 PM

Петти мај прогласен за ден на македонскиот јазик

Петти мај е прогласен за Ден на македонскиот јазик – одлучи Владата на денешната седница, информирајќи дека овој ден ќе биде празник од работен карактер.

Одлуката овој датум да се прославува како Ден на македонскиот јазик е во чест на решението на Народната влада на Федерална Македонија, која на 5 мај 1945 година ја усвои азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис, со што беше кодифициран македонскиот јазик – велат од Владата.