Крадци ,,оперирале“ во фирма во индустрискиот дел на Овче Поле.Украдени се накит и пари.
Според информациите поместени во билтенот на СВР Штип, кражбата била извршена во периодот од 22 часот на 11 април до 6 часот наутро на 12 април.Крадците со употреба на сила и погоден алат влегле во објектот на фирмата , сопственост на педесет и четири годишниот С.Ѓ од Скопје и одзеле накит и пари.
Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Штип.


