Ограбена пошта во село Злетово – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 3:49 PM

Ограбена пошта во село Злетово

Тешка кражба е извршена во пошта во селото Злетово, информираат од СВР Штип.

Според информациите во Полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден во Полициската станица во Пробиштип било пријавено дека за време на викендот  од 12 часот на 13 април до 5 часот наутрото на 15 април,  непознати сторители извршиле тешка кражба во поштата во с.Злетово и одзеле пари.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.Засега не е познато колку пари биле одземени.