Некогашниот капитен на Ливерпул и сегашен стручен консултант за телевизиите кои вршат фудбалски преноси, Џејми Карагер, зборуваше за својот некогашен клуб и нивната фантастична сезона во која играат четвртфинале од ЛШ и се на чело на Премиер лигата, додуша со наптревар повеќе од Сити.
Една негова изјава беше особено интересна.
„Попрво би го загубил Мохамед Салах отколку Мане“, изјави тој за време на програмата.
„Голем фан сум на Мане. Луѓето зборуваат за Клоп, за неговите засилувања, за Салах, Ван Дајк… За мене Мане е човекот кој го врати Ливерпул во игра. Ако се прашувате кое е најголемото засилување на Клоп, тогаш тоа е Мане, го плати 30 милиони“, изјави тој.
„Тој го врати Ливерпул во Топ 4. Следната сезона се играше финале во ЛШ, потоа тимот се бори за Премиер лигата“, изјави тој.
„Погледнете и кога ги постигнува головите, не е дека тимот води со 4:0, па тој дава неколку небитни гола. Постигнува важни голови и е најдобриот крилен играч кој Ливерпул го имал во последните 30 години“, изјави Карагер.


