Богатите Французи започнаа натпревар за донација за обнова на Нотр Дам – ММС
ММС

Објавено на: 04/16/19 3:15 PM

Богатите Французи започнаа натпревар за донација за обнова на Нотр Дам

Богатите Французи започнаа да се натпреваруваат за донација на пари за обнова на катедралата Нотр Дам, која е опустошена од големиот пожар кој ова утро е потполно изгаснат.

Семејството на францускиот милијардер Бернар Арноа и неговата компанија за производство на лускузните добра  LVMH, ќе донира 200 милиони евра за обнова на катедралата се наведува во соопштението кое е објавено во име на Арноа.

„Семејството Арноа и групата LVMH сакаат да ја покажат својата солидарност во ова време на национална трагедија и се приклучуваат кон прижањето помош за обнова на извонредната катедрала, која е симбол на Франција, нејзиното наследство и француско еднство“, се наведува во соопштението.

Претходно францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, сопруг на актерката Селма Хајек, вети 100 милиони евра за помош на Нотр Дам.

Семесјтвото Пино, вклучувајќи го и сопругот на Селма, ветил 100 милиони евра со цел да се врати старата слава на овој драгоцен објект од национална важност.

Понудата на милијардерот кој е сопственик на „Гучи“ и „Ив Сен Лорен“ следуваше само неколку часа откако францускиот претседател Емануел Саркози покрена меѓународно прибирање финансиски средства и вети дека катедралата ќе биде обновена.