Белгискиот репрезентативец Кевин Де Брујне стана еден од најдобрите играчи за врска во Европа по одличните игри во дресот на Манчестер Сити.
Де Брујне во Сити пристигна во летото 2015. година од Волфсбург за околу 45 милиони евра, а во германскиот клуб одигра нешто повеќе од една година.
Белгиецот вниманието врз себе го привлече уште со игрите во Генк, а Челзи го купи во летото 2012. година за девет милиони евра. Меѓутоа, во лондонскиот клуб не доби вистинска шанса поради што Жозе Мурињо одлучи да го продаде две години подоцна.
Меѓутоа, португалскиот стручњак направи голема грешка со продажбата на Де Брујне кој само една година подоцна покажа колку вреди. Белгиецот се присети на заминувањето од лондонскиот клуб кое не беше нималку убаво.
„Се сеќавам на тој ден кога Мурињо ме повика во својата канцеларија. Само извади хартија на масата и почна да покажува и да зборува дека имам една асистенција, нула голови и десет освоени топки“, започна Де Брујне, па додаде:
„Тоа беше момент кој направи пресврт во мојата кариера. Почна да ми ги чита статистичките податоци на останатите играчи и замолкна. Чекаше нешто јас да кажам и тоа и го направив. Му реков дека јас одиграв само три натпревари, а останатите играчи за врска 15-20 натпревари и тие бројки не се изненадување.
Во тој момент не бев единствениот кој беше во немилост на Мурињо бидејќи тука беше и Мата. Ми рече дека ќе бидам петти избор наместо шести ако Мата си оди од клубот. Му одговорив дека е подобро да ме продадат бидејќи сакам да играм фудбал, а не да седам на клупата“.
За Де Брујн тоа не бил најтежок момент во кариерата бидејќи вистинска драма преживувам додека уште бил младинец во Генк.
„Отидов во академијата на Генк кој е на другиот крај од државата. Ме исмејуваа поради дијалектот. Имав семејство кое ме вдоми, а потоа мајка ми ми кажа кога бев дома за празниците дека тоа семејство повеќе не ме сака. Рекле дека сум премногу тивок и деак не можат да зборуваат со мене. Тоа ме мотивираше да остварам се што остварив денеска“, додаде играчот на Манчестер Сити.


