Францускиот репрезентативец Антоан Гризман не е во плановите на Барселона и покрај неодамнешните шпекулации дека каталонскиот клуб повторно е во преговори со него.
„Ми се допаѓа како игра, еден од најдобрите е во Ла Лига, но не е на нашиот список на желби“, изјави претседателот на Барса, Жосеп Бартомеу.
Гризман лани беше пред трансфер на Камп Ноу, но во последен момент ја извиси Барселона и на специјална прес конференција изјави дека останува во Атлетико.


