Британската кралица Елизабета II испратила порака до францускиот претседател Емануел Макрон во која навела дека е многу тажна поради пожарот кој вчера ја зафати катедралата Нотр Дам во Париз и дека нејзините молитви се упатени до цела Франција, соопштила Бакингемската палата.
„Принцот Филип и јас бевме многу тажни поради сликата со оган од катедралата Нотр Дам“, стои во пораката, пренесува Ројтерс.
Го изразувам моето воодушевување за припадниците на итните служби, кои ги ризикуваа своите животи за да го сочуваат овој важен национален споменик, навела британската кралица и додала дека нејзините мисли и мотиви e со оние кои ја обожаваат катедралата и со цела Франција во ова тешко време.


