Цел свет ја слушна информацијата за големиот пожар на катедралата Нотр Дам во Париз. Немаше медиум кој не ја пренесе оваа информација, а многумина се прашуваат што по пожарот ќе остане од прочуената катедрала.
Оваа 850 години стара градба е дом на непроценливо богатство, музички инструменти, статуи, древни резби и религиозни реликвии, од оргули со 8.000 цевки до скулптурата на Николас Кустуа „Потекло од крстот“. Комплетната листа на ремек дела кои се сместени во катедрала се објавени на веб страницата.
Уметничките дела се евакуирани од катедралата Нотр Дам во текот на пожарот и се пренесени во музејот Лувр, изјави денеска за новинарите францускиот министер за култура Франк Ристе. Пожарникарите, Министертсвото за култура и локалните власти за време на пожарот веднаш се упатиле кон катедралата и ги заштитиле уметничките дела кои биле внатре, изјавил министерот, пренесува Ројтерс.
Уметничките дела кои вклучуваат реликвии како Христовата круна од трња и туниката на францускиот крал Луј IX од 13 век, прво биле преместени во градската општина, а потоа ќе биде пренесена во најблискиот музеј Лувр.
„Тоа е душата на Париз, но тоа не е само за французите, туку за цело човештво, тоа е еден од најголемите споменици и најдобро од цивилизацијата“, изјавила градоначалничката на Париз, Ана Идалго.
Гардијан направи список на работите кои се спасени од пожарот, како и тие за кои не се знае каква им е судбината.
Сочувата е светата круна од трња, една од најдрагоцената работа во Нотр Дам. Има потекло од Ерусалим, и најверојатно истата Исус ја носел на распнувањето.
Сочувана е и туниката на Свети Луис. Таа потекнува од 13 век, а Луис учествувал во Седмата крстоносна војна и канонизирана е од 1297 година.
Не е познато во каква состојба е „Златниот крст“ скулптурата која се наоѓа во главниот олтар на катедралата. Првите фотографии покажуваат дека скулптурата е во добра состојба, но се уште не е потврдено во каква состојба се наоѓа по гасењето на пожарот.
Во катедралата се наоѓаат и двата крста на кои е распнат Исус, како и ексери но не потвредено дали и тие го „преживеале“ пожарот.
“The fire is completely under control. It is partially extinguished, there are residual fires to put out.”
Paris firefighters have spent hours battling the devastating blaze at Notre-Dame, saving the main structure of the Gothic cathedral from total destruction pic.twitter.com/YlhhbZjbP9
— AFP news agency (@AFP) April 16, 2019
Не е откриено ниту во каква состојба се оргулите од 1403 година, кои биле средени во 2013 година. Исто така не се знае ниту во каква состојба е прочуената статуа на Мадона и детето, создадена во 14 век. Оваа статуа е префрлена во Нотр Дам во далечната 1818 година.
Some Notre-Dame treasures saved by French firefightershttps://t.co/4h1e3ETBwl
Two irreplaceable artifacts have been rescued — the Crown of Thorns, a relic of the passion of Christ and the tunic allegedly worn by Saint Louis pic.twitter.com/3fPA3SySAR
— AFP news agency (@AFP) April 16, 2019
Катедралата има 10 звона, најстарото ѕвоно е „Емануел“ тежок 13 тона и направен е во 15 век, но не се знае во каква состојба е по пожарот.


