Ова во соопштение го потврдија од банката, чија експозитура во скопски Чаир беше ограбена вчера во 10.36 часот.Ограбената експозитура на НЛБ Тутунска банка и денеска е затворена. Тековно ќе почне да ги опслужува клиентите од утре.
-Двајцата вработени во експозитурата кои беа полесно повредени се пуштени на домашно лекување.Дополнително, работникот на обезбедување кој, исто така, беше повреден при грабежот по укажаната лекарска помош е добро и е пуштен на домашно лекување, соопштуваат од НЛБ Тутунска банка, каде заедно со истражните органи продолжуваат да работат на истрагата.
Четворицата кои со оружје влегле во банката и ја ограбија се во бегство. Возилото со кое заминале, беше најдено запалено во близина на Скопје.


