Социјалните мрежи Фејсбук и Твитер имаат рок од девет месеци да се приспособат на рускиот закон податоци, како и податоците за корисниците да ги префрлат на сервери во Русија, јавува руската новинска агенција „Интерфакс“, повикувајќи се на изјава на шефот на руската Федерална агенција за комуникација, Александар Жаров.
Тој изразил очекување дека, сепак, на крајот Русија нема да ги блокира Твитер и Фејсбук, пренесува „Ројтерс“.


